Home » СВР Битола со работилница во ОУ.Даме Груев во рамките на „Еко-пријателска мобилност“

СВР Битола со работилница во ОУ.Даме Груев во рамките на „Еко-пријателска мобилност“

by culturalchat

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот Битола при СВР Битола, во соработка со Здружението за развој на ромската заедница- “Сумнал“ од Битола, реализираа едукативна работилница за учениците од основното училиште “Даме Груев“ од Битола на темата – “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Активноста е дел од проектот „Еко-пријателска мобилност“ финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската Унија.


На учениците, преку наменски подготвена едукација им беше објаснета улога на сообраќајниот полицаец, како и основните знаења од областа на сообраќајот и сообраќајните правила и прописи . Исто така, на учениците им беше објаснето дека и тие како активни учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти), треба доследно да ги почитуваат сообраќајните правила пред се заради нивната безбедност.

Related Articles