На покана на Австриската библиотека од Битола во НУУБ „Св. Климент Охридски“– Битола, се одржа работилница со љубители на германскиот јазик слушатели од Центарот за германски јазик „Илиеви“ и ученици од средните училишта „Таки Даскало“ и Државното музичко училиште и студенти од Меѓународниот славјански универзитет под менторство на проф. Елена Сотиров и проф. Кристина Атанасовска.
Работилницата се одржа на тема „Лектири на германски јазик -читање и разбирање “.
Раководителката на Австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева ја водеше работилницата претставувајќи ги лектирите на германски јазик од Австриската библиотека. Лектирите можат да ги читаат членовите на библиотеката дури и со основните познавања на германскиот јазик. Еден текст од лектира од А 1 ниво „Роња трча“ беше земен како пример за разработка.
Ваквите лектири од веб страната на издавачката куќа можат да се симнат и да се слушаат како аудио книги, а најинтересниот дел од работилницата беше секако работата во парови на вежбите по секој текст, вежби кои овозможуваат проверка на разбраниот текст. Со големо внимание беше проследено и пребарувањето во книжевниот фонд на Австриската библиотека.
Учесниците со големо внимание ја следеа работилницата и изразија желба за почести работилници од овој вид.
Малите речници и бележниците за книги беа само мал спомен од оваа работилница кои си ги понесоа учесниците како спомен од оваа дружба.