Културно информативниот центар во Битола продолжува со продуцирање и презентирање на исклучителни културно-образовни настани. Програмата започнува вечерва во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, со почеток во 19.00 ч. со свечениот концерт во сеќавање на проф.Пеце Митревски, насловен како „Стар, ама на англиски“.
Истата вечер со почеток во 19.00 ч. во Кристалната сала на Офицерски дом, ќе биде презентирана изложба на дела од учениците од ОУ „Елпида Караманди“ по повод патрониот празник на училиштето.
Веќе на 25.04 следува Отворен ден на УКЛО со настани на платото на Офицерски дом -КИЦ Битола , како и церемонија на потпишување на меморандум за соработка.
„Со особено задоволсто ја најавуваме првата официјална соработка со Македонското научно друштво – Битола и КИЦ Битола, трибината посветена на големиот писател „Владимир Костов живот и дело“ на 26.04.23 , во Свечената сала на Офицерскиот дом од 18.00 ч“, истакнуваат од КИЦ.
Четврток 27.04 е денот на изненадување.Големиот мајстор на гитарата, човекот чии изведби се музичка лектира за генерации, музика која дише со македонски код со солистички концерт во Свечената сала на КИЦ Битола.