Home » „Ком Дипсан“ – нов видео запис на Сашо Поповски трио

„Ком Дипсан“ – нов видео запис на Сашо Поповски трио

by culturalchat

„Kom Dipsan“ е насловот на најновиот видео запис на Сашо Поповски трио, која се наоѓа на последниот студиски албум „Fallen Land“. Љубителите на џезот ќе имаат исклучителна можност да уживаат во оваа композиција,  која беше најавувана периодов, а сега целосно го здогледа светлото на денот.

Околу видео записот сниман во Скопје Поповски ни изјави:

С.П.- Идејата за спотот е еден вид наш уметнички порив од чуден вид, запознавање со современите софтверски апликации за аудио/видео продукција, ајфон 13 J, слободно време и еден врвен дизајнер – Даниел Ѓурчиновски што го спакува така урбано да изгледа.  Инаку со спотот сакаме да прикажеме едно деноноќие во главниот град, исполнет со сообраќаен метеж, страв од недостатокот на време како и константната трка во завршувањето на дневните обврски од една страна, и последиците кои ги рефлектира овој начин на живот на сите нас од друга. На едноставен начин е прикажан животот кој ни поминува пред нос и колку секој од нас е свесен за времето поминато кое за жал не можеме да го вратиме назад.

Самата музичка индустрија вклучувајќи ја и џез музиката во моментот функционира по овој начин, и секој аудио запис (албум) треба да биде пропратен со видео материјал во вид на спот или кратко видео (тизер) за присуство и видливост на социјалните мрежи, како и за букинг на артистот.

Поповски е еден од водечките македонски џез-гитарист, професор и композитор. Зад себе има албумски објави со различни формации и настапи како на повеќе џез-фестивали во Европа, како Џез фестивал Рокела во Италија, Перто џез фестивал во Санкт Петербург во Русија, Нишвил во соседна Србија, Петровац џез фестивал во Црна Гора и други. Автор е на многу соло композиции и композитор на музика за филм и театар, а соработувал со познати регионални имиња како Тони Китановски, Оскар Салас, Милчо Левиев, Дејв Вилсон, Гоце Мицанов и други. Раководител на Џез одделот на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, како и основач и директор на Џез фактори фестивалот.

2023 е година која за ова трио започна не само со видео записот, туку и со неколку значајни проекти, меѓу кои и албумот „Чекори“ кој ќе биде издаден оваа есен.

С.П.- Новиот албум “STEPS“ го снимивме на почетокот на Јануари 2022, а го завршивме (финален мастеринг) во Декември 2022. Содржи седум нови композиции кои ги создадов во периодот на ковид пандемијата. Снимен е во Македонска Филхармонија од страна на Ален Хаџистефанов кој го направи и мастерот во студиото Подрумот во партнерство со Ангел Ќосев. Инаку покрај стандардното трио Иван Бејков и Виктор Филиповски имаме и гости и тоа: ОливиерСамоуиллан (Франција) виола, Васил Хаџиманов (Србија) пијано, Кирил Кузманов флејта / саксофон, Александар Секуловски перкусии и Ратко Даутовски перкусии.

За Поповски вистинската европска офанзива започна за календарската 2022/23 во кој период реализираше  концерти на престижни и високо рангирани интернационални џез фестивали како: Rocella Jazz Festival (Italy), Musicastrada Festival (Italy), Deva Jazz Festival (Romania), Nishvil Jazz Festival (Serbia), Tirana Jazz Festival (Albania), како и првата турнеја во Шпанија (Јуни 2022) со концерти на Gaya Granada Jazz Festival, La LaolainaCulture Center и Clarence Jazz Club – Malaga. Тука се и настапите на One Jazz Festival (Romania), Zalau Jazz Festival (Romania) Transilvania Jazz Festival (Romania) , Punk Jazz Festival Binar (Bulgaria) и други. Го запрашавме Поповски каква е аендата за оваа година?

С.П.-   Слободно можам да кажам дека 2022год беше мојата најуспешна концертна година во кариерата со настапи на фестивали и клубови во Шпанија, Италија, Романија, Србија и Македонија. Во новата година продолжува Европската турнеја за албумот Fallen Land со два концерти во рамките на АлармаПанк Џез Фестивалот (Софија-Пловдив) Бугарија – Јануари 2023, крајот на април ќе имам неколку концерти во Црна Гора, Албанија и Македонија, јуни два фестивали во Србија, и на почетокот на септември имам концерти во Словенија, Хрватска, Романија и Србија. И секако не очекува промоцијата за новиот албум (Септември-Октомври 2023). За сите информации посетете ја мојата веб страна:

www.sasopopovski.com

Веќе при крај се подготовките за 6.издание на Џез фактори фестивалот, кој секоја година привлекува се повеќе публика, не само од Битола и Македонија, туку и од регионот.

С.П.- Џез Фабрика Фестивал Битола 2023 е веќе во својата последна подготвителна фаза, а на почетокот на месец Март ќе започнеме со објавување на артистите. Хедлајнер за шестото издание на ЏФФ е Баба Сиссоко – Мали кој е артист од највисок светски ранг и на наша среќа ќе можеме да го проследиме неговиот концерт на 13 Април на сцена на НУ Народен Театар Битола. Фестивалот ќе започне на 8 Април со отворање на изложбата под наслов “Пет години џез фестивал во Битола“ од авторот Даниел Ѓурчиновски додека концертите во главна и споредна програма ќе се одржат од 13 до 15 Април.

За сите информации посетете ја веб страната:

www.jff.mk

Видеото за новиот видео запис може да го погледнете на следниот линк:

Related Articles