Во Офицерскиот дом се одржа промоција на книгата „Гимнастиката во Битола“ од хроничарот и доајен на битолското новинарство Димче Миновски. Книгата го објаснува развојот и унапредувањето на физичката култура во Битола, со акцент на гимнастиката, во три периоди:турска управа 1912-1941, периодот на ослободувањето до осамостојувањето на Македонија и времето оттогаш до денес.
„Било чест и гордост во тоа време да се биде гимнастичар“, истакна Миновски и додаде: „Битола за разлика од другите градови прерасна во вистински гиманстички центар“. „Секој период има свои спецификации, податоци и бројки. Во овој труд ги одбележуваме позначајните моменти од кои сепак можа да се проследи појавата, развојот и унапредувањето на гимнастиката, како во Република Македонија, така и во Битола“, беше истакнато на промоцијата.
На истата зборуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека оваа книга е еден продонес за спортската историја на градот, а Миновски е единствен кој го прави тоа. Рецензенти на книгата “Гимнастиката во Битола“ се Ѓуро Илиќ, Сашо Ристевски и д-р Марјан Танушевски, луѓето кои најдобро го познаваат авторот, секојневно се дружат и се дел од од најголем дел од творештвото на Миновски.
Љупчо Арнаудов претседател на клубот за гимнастика во Битола и претседател на федерацијата на гимнастички спортови во Македонија, зборуваше за важноста на оваа книга и ликот и делото на Миновски. Тој се осврна и на работата на гимнастичкиот клуб во градот, каде Миновски е потпарол. Модератор на промоцијата беше спортскиот новинар на Тера телевизија Зоран Мишевски.
Миновски е автор кој има напишано најмногу за спортот во Битола. Во книгата има податоци за лица, настани и објекти кои ги нема во други изданија, а се значајни за историјата на Битола, а поединците кои се споменати во книгата ретко се споменуваат и се непознати за најголем број на битолчани. Се зборува за личности кои се најзначајни за развојот на гимнастиката во Битола, кои се првите победници во машка и женска конкуренција, кои се најуспешните гимнастичари, или за тоа како книгата го објаснува развојот и унапредувањето на физичката култура во Битола, со акцент на гимнастиката. Оваа е 6 -та книга по ред од спортот, а Миноски има напишано вкупно 21, книга. Покрај историјата на спортовите во Битола, боксот, ракометот и гимнастиката, има и романи кои го обработуваат средниот век во Битола, одбраната на Битола од Турците, како и авантуристички романи.