Денешниот ден беше посебно интересен за членовите на Академијата за боречки вештини и спортови „Златко Неделковски” позната и како „ЗА – НЕД – ДО“. Имено тренинзите се одвиваа под маски по повод Halloween.
” Среќата на децата се мери во нивните насмевки, а денес бевме НАЈСРЕЌНИ. HALLOWEEN не е наш празник, но ние си наоѓаме причина за забава и среќа, така беше и денес”, изјавија од За Нед До.