Home » МФФ Киненова вечерва се отвора со „3 недели подоцна“ на режисерот Мирослав Терзиќ

МФФ Киненова вечерва се отвора со „3 недели подоцна“ на режисерот Мирослав Терзиќ

by culturalchat

11. издание на МФФ Киненова свечено се отвора вечерва во киното „Фросина“ во МКЦ со филмот „3 недели подоцна“ на Мирослав Терзиќ. Станува збор за  истакнат српски филмски режисер и сценарист, препознатлив по своите длабоки социјални и политички драми кои обработуваат тешки општествени теми. Неговиот најнов филм од 2026 година се работеше под работниот наслов „Екскурзија“ и претставува сурова и емотивна драма која се занимава со врсничкото насилство и тинејџерскиот суицид. Имаше светска премиера во главната натпреварувачка програма на 60. Филмски фестивал во Карлови Вари, каде ја освои престижната награда Europa Cinemas Label, а потоа беше прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал.

Станува збор за силен и ангажиран филм, кој е исклучително емотивен и се чини дека директно ќе комуницира со публиката во Македонија, бидејќи темата е многу болна и актуелна во современото македонско општество. На прашањето во која мера очекува неговата порака да допре до младата публика преку новиот филм, Терзиќ вели:

–Би сакал филмот пред сè да допре до младите, бидејќи тој зборува за свет што тие добро го познаваат – можеби дури и подобро од нас, возрасните. Не сакав да им испраќам пораки ниту да им кажувам како да размислуваат. Повеќе се трудев да ги слушнам и да покажам како насилството, притисокот и неодговорноста на возрасните стануваат дел од нивниот секојдневен јазик. Ако се препознаат во филмот или ако по неговото гледање посакаат да разговараат за она што го виделе – тоа за мене веќе претставува многу.

Related Articles