Home » „Пинокио“ на НУ Народен театар Битола патува во Штип, Битола и Скопје

„Пинокио“ на НУ Народен театар Битола патува во Штип, Битола и Скопје

by culturalchat

Денес, 8 октомври,  НУ Театар Битола најомилената приказна за дрвеното момче – „Пинокио“, ја раскажува на 14-тиот фестивал за деца и млади „Малиот Принц“ во Штип во два термини, на сцената на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ .Веднаш после ова прекрасно гостување, екипата се враќа назад во Битола! Оваа сабота, овој докажан театарски спектакл ќе се одигра на матичната сцена.  Една од најпознатите и најсаканите приказни за деца, за дрвеното момче кое сонува да стане вистинско дете нè води низ свет исполнет со авантури, искушенија, пријателства и необични ликови. Претставата по текст на Карло Колоди, е во режија и драматизација на Деан Дамјановски. Композитор: Марјан Неќак, сценографија: Сергеј Светозарев, костимографија: Андреј Ѓоргиевски, изработка на маски: Сара Милевска.Играат: Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска и Александар Димитровски. Во претставата учествуваат и ученици од Театарската школа „Бабец“: Ана Анѓелевска, Марија Јовев, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Софија Наумовска, Николина Јанкоска, Ана-Марија Каранфиловска, Андријана Мемет, Војдан Мавровски, Николај Илијевски и Каја Крстевска.На 14 октомври „Пинокио“ веќе патува за Скопје, како дел на 5. ИФДТ „Игор Маџиров“.
Од 11:00 часот една од најпознатите приказни за детството ќе оживее на сцената на МНТ. Токму со „Пинокио“ се отвора натпреварувачката програма на годинашниот фестивал и пет фестивалски дена ќе бидат исполнети со театар, фантазија и средби со уметници од различни земји.
Обезбедете си ги местата навреме во Штип, сабота во Битола и на 14.октомври во Скопје.

Related Articles