Home » Наскоро промоција на најновата книга на Сања Поповска со наслов “Моќта на невидливите херои”

Наскоро промоција на најновата книга на Сања Поповска со наслов “Моќта на невидливите херои”

by culturalchat

Најновата книга “Моќта на невидливите херои” на Сања Поповска наскоро ќе доживее своја промоција.
„Книгата беше започната како идеја пред три, четири години, заедно со уште два романи од различни жанрови. Следуваше пад на мотивација, губење на волја, мисли дека сум досадна веќе со оваа тема и се застана. Се додека не ме “удри” повторно релапс за да ме потсети зошто го поткренав сево ова досега, па благодарение на МС, се роди “Моќта на невидливите херои”, вели Сања.
Ова не е само книга.
Ова се вистински приказни.
Приказни за жени кои секој ден се будат со МС и повторно избираат да продолжат.
За стравот што никој не го гледа.
За болката што често се крие зад насмевката.
За мајките, сопрузите, децата и семејствата кои ја водат оваа битка заедно со нив.
„Сакам да им се заблагодарам на жените кои ја споделија нивната приказна со мене, спремни да ја споделат и со јавноста. И покрај тоа што секоја приказна е под псевдоним или измислено име, вие ме направивте горда. Конечно ја уништивте тишината.
И што и да се случи јас велам: УСПЕАВМЕ“, додава Поповска.
Книгата ќе ја има во предпродажба и наскоро датум за промоција.

Related Articles