Home » Триото Долче ја воодушеви публиката во Прилеп

Триото Долче ја воодушеви публиката во Прилеп

by culturalchat

Триото Долче, односно Светлана Б. Ристоски – флејта, Андријана Дукоска – виолончело и Марија Шамоска Буџаковски – пијано, одржаа целовечерен концерт во ликовниот салон на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп . Тие изведоа дела од Пјацола, Вебер, Чајковски, Милоти. Публиката уживаше во изведбите на Либертанго, Дојранка, Охридски бисери.Триото е формирано во 2016 тата година, и како што ни изјавија се радуваат на сите идни заеднички музички доживувања кои со огромно задоволство ги пренесуваат на својата публика во државава, но и надвор од неа. Тие активно концертираат во многу градови низ нашата држава (Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци). Во нивниот изведувачки опус се опфатени композиции од сите стилски епохи.Овој музички состав, во периодот јануари/февруари 2021 год.  ја освои Првата награда – LAUREATЕ, на Меѓународниот уметнички фестивал  во Италија – Future Stars на фондацијата Sopravista International Festival – Contest, во категоријата Инструментална музика.  Во месец септември 2021 год. ја освои Втората награда на Меѓународниот музички натпревар во Москва, Русија –  International Moscow Music Online Competition. Во месец Декември, на International Online Contest ,, Prometheus “- Италија, триото ја добива Првата награда (Laureate), во категоријата Инструментална музика. Успешно ја претставија нашата држава на целовечерниот концерт на реномираниот фестивал „Muzikale delle nazioni- Concerti del Tempietto”, во Рим, Италија .

 

Related Articles