Home » Со песна и игра успешно одбележани „Илинденски денови“ во Новаци

Со песна и игра успешно одбележани „Илинденски денови“ во Новаци

by culturalchat

Уште една незаборавна вечер исполнета со традиција, музика и културно богатство, се одржа низ улиците на Новаци. На Илинденското дефиле, продефилираа учесниците и гостинските ансамбли во своите прекрасни народни носии. Следуваше свечениот концерт во дворот на Општина Новаци, каде настапија: КУД „Везилка“ – Новаци, Македонија, Ансамбл „Flying Georgians“ – Тбилиси, Грузија, Ансамбл „Venezuela Danza y Tambor“ – Корал Спрингс, Флорида, САД.Илинденското дефиле низ улиците на Новаци уште еднаш ја покажа убавината на народните носии и богатството на фолклорот, а свечениот концерт во дворот на Општина Новаци ги обедини љубителите на традицијата во едно незаборавно културно доживување. Гостите ги поздравија градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски и директорот на Центарот за култура, Сашо Илковски.
Учесниците преку музиката, играта и богатата традиција испратија прекрасна порака за пријателство, почит и поврзаност меѓу народите.
„Посебна благодарност упатуваме до Центар за култура – Битола и директорот Сашо Илковски за одличната соработка во организацијата на оваа незаборавна вечер. Заедно ја чуваме, негуваме и ја пренесуваме македонската традиција и културно наследство на идните генерации“, истакнаа од Општина Новаци.

 

Related Articles