На Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“, најмладата публика имаше можност да го проследи детскиот филм „Кралот Матиј Први“, приказна што ги доближува вредностите, пријателството, одговорноста и светот низ очите на децата.
Исполнетата сала, внимателните погледи и бројните детски реакции уште еднаш потврдија дека љубовта кон филмската уметност и културното наследство се гради од најрана возраст. Затоа што фестивалот не е само место каде што се прикажуваат филмови. Тој е место каде што се создава идната публика.
фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

