Home » Најмладите учеа за ткаењето на работилницата „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“

Најмладите учеа за ткаењето на работилницата „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“

by culturalchat

Детските раце цртаа и ткаеја, а педагозите и менторите ја пренесуваа приказната зад секоја нишка. Со многу љубопитност, креативност и насмевки се одржа детската ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“, каде најмладите имаа можност да се запознаат со традиционалното ткаење и вредностите на македонското културно наследство.
Во работилницата учествуваа 75 ученици од 8 основни училишта, под водство на 19 ментори, а своето знаење и искуство несебично го пренесоа Лилјана Христовски, Весна Дунимагловска, Анкица Стевановска, Веселин Поповски, Тони Гламчевски и Вера Соклевска. Работилницата заврши со проекција на етнографски филм, заокружувајќи едно инспиративно дружење во кое уметноста, образованието и културното наследство се споија во едно незаборавно искуство.
Традицијата е најжива тогаш кога ќе ја препознаат, ќе ја научат и ќе ја продолжат најмладите.
Фотографии | Диоген Хаџи Коста Милевски и Сашо Ставрев.

 

Related Articles