Home » Работилница во Битола: „Сечиј живот е приказна“ со драматургот Билјана Крајчевска

Работилница во Битола: „Сечиј живот е приказна“ со драматургот Билјана Крајчевска

by culturalchat

Секој живот е приказна – а секоја приказна заслужува да биде раскажана.
Во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 07.јули, со почеток од 9.30 часот, ќе се одржи работилницата „Сечиј живот е приказна“, посветена на моќта на личните приказни, креативноста и драматургијата. Работилницата ќе ја води Билјана Крајчевска, драматург во НУ Народен театар – Битола, која преку интерактивен пристап ќе ги запознае учесниците со процесот на создавање автентична приказна и нејзиното претворање во драмски текст.
Доколку сакате да откриете како секојдневните искуства можат да станат инспирација за пишување и драмско творештво, оваа работилница е вистинското место за вас. Работилницата се реализира во рамките на проектот „Културни манифестации во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола“, поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Related Articles