Home » 5 награди за Битолски театар на МТФ.„Војдан Чернодрински“

5 награди за Битолски театар на МТФ.„Војдан Чернодрински“

by culturalchat

На 56.издание на Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Битолскиот театар за изведбата на едно од најконтроверзните дела на Бертолт Брехт „АРТУРО УИ” доби 5 награди.

Наградата за режија се додели на Кендрим Ријани , награда за женска епизодна улога освои Викторија Степановска,  наградата за машка епизодна улога „Димче Трајковски“, отиде во рацете на Никола Пројчевски, награда за музика за Тимор Доми, награда за костимографија на Благој Мицевски.

Во претставата „Артуро Уи” настапуваат актерите Илина Чореска, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска, асистент на режија Јован Ристовски, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски, а композитор Тимор Доми.

Премиерната изведба на „Артуро Уи” од Бертолт Брехт во режија на Кендрим Ријани беше на 6 мај на големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге” во Битола.

Наградата за современа сценска драматизација отиде во рацете на Лидија Митовска Ѓорѓиевска за претставата „Декамерон“во режија на битолчанецот Мартин Кочовски, од која претстава Сара Спиркоска е наградена за најдобра млада актерка.

Оценувачката комисија е во состав Љупчо Ѓорѓиевски претседател и членовите Бесфорд Идризи и Сотир Трајков.

Официјалното доделување на наградите е вечер со почеток од 19.30 минути, на сцената на НУЦК.„Марко Цепенков“, после кое ќе биде изведена претставата „Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска, на Театар Комедија од Скопје во чест на наградените.

Честитки Битолски театар.

 

 

Related Articles