Home » Презентиран 45.настан по ред на Македонскиот КИЦ во Софија, изложбата „Трансформации на структурата од картон кон форма“

Презентиран 45.настан по ред на Македонскиот КИЦ во Софија, изложбата „Трансформации на структурата од картон кон форма“

by culturalchat

Во Македонскиот КИЦ во Софија беше отворена изложбата „Трансформации на структурата од картон кон форма“ на младиот македонски уметник Давид Атанасоски од Прилеп, со која се одбележа 45-тиот културен настан.„Таа претставува значаен културен настан, не само затоа што ја афирмира современата македонска ликовна уметност, туку и затоа што пред бугарската публика претставив автор кој со својата творечка зрелост, со јасно профилиран визуелен јазик и истражувачки дух веќе го зазема своето место на современата уметничка сцена. Делата се создадени како колажи од фотографии на картонски структури, а во нив се препознава авторска определба насочена кон преиспитување на односот меѓу материјалот и идејата, меѓу просторот и композицијата, но и кон можноста една форма постојано да се преобразува, без да го изгуби својот естетски и концептуален интегритет“, истакна директорот на МКИЦ во Софија и дипломатскиот советник, проф. д-р Зоран Пејковски.Делата отвораат нови перспективи за современото визуелно мислење, потврдувајќи дека вистинската уметност не се задржува во границите на медиумот, туку постојано создава нови простори на комуникација со публиката. Македонскиот КИЦ во Софија, останува цврсто определен кон промоција на македонските уметници и нивното творештво.

„Културата е еден од најсилните мостови што ги поврзуваат народите, бидејќи преку уметноста се создава простор за дијалог, взаемно почитување и духовно зближување, а токму ваквите изложби ја потврдуваат вредноста на културната дипломатија како значаен сегмент на меѓународната соработка. Исто така, изложбата претставува уште една потврда дека македонската современа уметност има автори со оригинална творечка мисла, висока професионална култура и јасна уметничка визија, а нашиот Македонски КИЦ во Софија, ќе продолжи и понатаму да биде место на средби, културен дијалог и афирмација на најдобрите достигнувања на македонската култура, претставувајќи ги пред меѓународната јавност како трајни вредности на нашиот национален културен идентитет“, додава Пејковски.Четириесет и пет културни настани не се само бројка. Тие се 45 нови средби, 45 претставувања на македонската уметност, литература, музика и традиција пред публиката во Софија. Тоа е континуитет што ја потврдува улогата на Центарот како препознатлива институција и важен културен амбасадор на Македонија.

 

Related Articles