Home » Грандиозно отворање на Пијанофест 2026

Грандиозно отворање на Пијанофест 2026

by culturalchat

Со незаборавна музичка вечер свечено беше отворено осмото издание на Пијанофест 2026, во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано Битола“.

На сцената настапија: НУ Камерен оркестар – Битола, солист: Јане Петровски, Ема Попивода – пијано. Под диригентската палка на врвни уметници и со извонредна енергија на изведувачите, вечерта донесе силни емоции и вистинско уметничко доживување кое ја воодушеви публиката. Пијанофест и оваа година обединува млади таленти, врвни уметници и љубители на класичната музика од 12 држави: Р.Македонија, Германија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Грција, Албанија, Косово, Кипар, Кина и Ерменија, што го прави еден од најзначајните и најпрепознатливи меѓународни натпревари во регионот.Пијанофест се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам, Општина Битола и КИЦ – Битола.

Фотографии: Ивона Кочов

Related Articles