Home » Државното музичко училиште од Битола ќе настапи на манифестацијата „Кичево – град на културата 2026“

Државното музичко училиште од Битола ќе настапи на манифестацијата „Кичево – град на културата 2026“

by culturalchat

Во рамките на манифестацијата „Кичево – град на културата 2026“, на 7 мај 2026 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи концерт на Државното музичко училиште од Битола, под наслов „Концерт во Кичево“. На овој концерт ќе настапат повеќе од триесетина ученици, придружувани од нивните ментори и корепетитори, кои ќе се претстават со разновидна музичка програма.Настанот се реализира со поддршка од Општина Кичево и Министерството за култура и туризам, како и во соработка со општествено одговорни компании од градот и здружението на граѓани Клуб 5 уметности, како организатор, кое активно придонесува за развојот на културниот живот и креативните потенцијали. Концертот претставува еден од позначајните настани во рамките на манифестацијата „Кичево – град на културата 2026“, а низ неговата музичка приказна на сцената ќе го води м-р Кристина Костадиноска.
„Огромна благодарност до Општина Кичево и градоначалникот Д-р Александар Јовановски, до Министерството за култура, како и до Здружението на граѓани Клуб 5 уметности и г-дин Марјан Тренески за поканата и организацијата на овој прекрасен настан и за можноста нашето училиште да се претстави пред кичевската публика“, истакнуваат од Државното музичко училиште.

Related Articles