Home » Серија на концерти на Државното музичко училиште по повод Денот на пијаното

Серија на концерти на Државното музичко училиште по повод Денот на пијаното

by culturalchat

Државното музичко училиште од Битола и оваа година на 30.03 во КИЦ Офицерскиот дом, го одбележува Денот на пијаното – ден посветен на инструментот кој инспирира, предизвикува и создава безброј музички приказни.
Учениците ќе настапат со внимателно подготвена програма, во која ќе ја покажат својата посветеност, труд и љубов кон музиката. Преку различни стилови и епохи, публиката ќе има можност да ужива во искрени и музички зрели интерпретации.  Овој ден е повеќе од концерт – тоа е прослава на учењето, дисциплината и радоста што музиката ја носи. Гостински концерт ќе одржат учениците од училиштето од Корча, со што дополнително ќе биде збогатена програмата, а на овој начин се проширува и музичката соработка.
Програмата започнува во 10 часот со Утрински минијатури, продолжува во 11.30 со Сончевото детско катче, потоа во 13.30 настапуваат учениците од Корча. Следуваат Попладневни детски сцени од 13.30,  Пиеси и сонати на зајдисонце од 17 и Вечерни музички моменти од 18.30.

Related Articles