Home » Изложбата „11х2 Жени во науката“ поставена во Битолската библиотека

Изложбата „11х2 Жени во науката“ поставена во Битолската библиотека

by culturalchat

По повод 11 Февруари -Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, во холот на Битолската библиотека поставена е изложбата насловена „11х2 Жени во науката“, која е посветена на 22 жени од земјава и светот кои својот работен век го посветиле на науката и со својот придонес направиле видни промени. Жени кои и покрај сите предизвици и забрани, продолжиле да се истакнуваат во полето на науката, имиња кои вреди секој да ги знае. За жал, до ден денес бројките покажуваат поразителни факти. Ако се гледа уделот на жени истражувачи речиси во сите земји преовладуваат силни родови стереотипи и многу девојки сè уште се помалку охрабрени да делуваат во областите на науката, технологијата, математиката и инженерството и имаат ограничен избор за нивното образование и развој на кариерата. Дури и земји кои постигнале родова еднаквост, жените истражувачите сè уште се соочуваат со многу предизвици и бариери во сите аспекти на општеството. Во последните години само 22 жени добиле Нобелова награда во научна дисциплина. Нека овие жени бидат мотивација за сите млади жени и девојки кои сакаат да се занимаваат со наука. Жените и требаат на науката!

Related Articles