Во рамките на одбележувањето „90 години Музеј“, на денот кога е роден Стив Наумов, 27. октомври, пред многубројната публика свечено беше отворена обновената ,,Спомен куќа на Стеван Наумов Стив“. На отварањето присуствуваа и се обратија Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, Стефан Бошков- внук на Стив Наумов и директорот Зоран Николовски.Претходните денови токму Бошков, времено ја отстапи виолината на која свирел нашиот херој. Истата е за првпат изложена и достапна за посетителите во обновената Спомен куќа на Стив Наумов.Во реализација на проектот учествуваа голем број вработени во НУ „Завод и музеј“ Битола и надворешни соработници. Стручна екипа: Евгениј Литовски, Наде Геневска Брачиќ, Ефросинија Брешовска, Моника Нолева, Јове Парговски, Сандра Котевска, Филип Талевски, Ирина Талевска, Зоран Алтипармаков, Каљопи Лутовска, Слободан Стојкоски и Ирена Ружин. Техничка екипа: Крсте Кочов, Кире Блажев, Николче Митровски, Жанета Лулевска, Стевче Митревски, Јасмина Димовска, Даниела Тренчевска, Биљана Тодоровска,Тони Трајчевски, Анета Петровска, Сашо Ивановски, Лилјана Трајкоска и Сашо Ружин. Водител на настанот: Биљана Стефановска.Како увертира на свеченото отварање на Спомен куќата, се одигра театарска претстава посветена на ликот и делото на Стив Наумов во режија на реномираниот проф. Јовица Павиќ од Белград и драматургот Катерина Момева. Публиката им подари огромен аплауз на Валентин Дамчевски- во улогата на Стив Наумов и Соња Михајлова во улогата на мајката на нашиот херој, како и на младите актери Лина Трампевска, Леонид Ташковски, Стефан Доневски, Леон Дојчиновски, Илина Ортаковски, Петар Ѓоргиевски, Љупчо Дојчиновски, Адријан Анџелковиќ и за тонскиот снимател и репродукција Сашо Ристевски. Претставата предизвика бура од емоции кај многубројната публика.„Изразуваме огромна благодарност до сите учесници во претставата кои деноноќно и со љубов работеа во подготовката, за нивната професионалност и прекрасната соработка“, истакнуваат од Битолскиот музеј. Спомен куќата ќе биде отворена секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот, со претходна најава, а во присуство на стручно лице- историчар.
Овој проект беше поддржан од Министерство за култура.
Фото: Ивона Кочов