Home » Во Битола отворено 11-то Меѓународно графичко триенале

Во Битола отворено 11-то Меѓународно графичко триенале

by culturalchat

Ако некогашната важност и виталност на Хераклеа Линкестис, а подоцна и на Битола, уште од дамнешно време се должела на нејзината важна местоположба која преку Via Egnatia претставува крстосница на цивилизациите, денеска таа „заслуга“ ѝ припаѓа на културата и уметноста. Офицерски дом кој самиот по себе е дел од градителската уметност, благодарение на 11-то издание на Меѓународното графичко триенале-Битола 2024, синоќа беше центар на светската графичка уметност. Во свечена атмосфера пред присутните гости, по повод доделувањето на „Гран При“ наградата на аргентинскиот графички уметник Леонардо Годлиб чија изложба беше поставена, како и наградата за посебен придонес кон светската графичка уметност на Р. Аргентина, свое обраќање имаа градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, како и Амбасадорот на Аргентина во Македонија, Алехандро Мажер и уметничкиот директор на Графичкото Триенале , ликовниот критичар Владо Ѓорески. На овогодинешното издание на Графичкото триенале беа пријавени над 800 дела на автори од 11 земји од светот. Изложбата може да се посети наредните денови во Свечената сала на Офицерскиот дом КИЦ Битола.

Related Articles