Театарот ХИТ од Скопје, со детската претстава Црвенкапа, гостуваше во Домот на културата „Илинден“, Демир Хисар. Оваа хит претстава за деца, е работена според оригиналната приказна на Браќата Грим кое претставува култно дело во светската детска литература и ги воодушеви присутните, а најмногу децата. Целосната приказна ,,Црвенкапа” е целосно адаптирана во театарска претстава и ги задржува оригиналните делови и секако оригиналните ликови: Црвенкапа, бабата, волкот и ловџијата.Низ многу убави театарски моменти, познати за децата, оригинални костими, сценографија и музика, педагошки, интерактивни и комични моменти беше изведена една театарска хит претстава каде децата ја слушнаа и до нив допре и јасно беше упатена пораката на Црвенкапа, : ЈАС ГИ ИСПОЛНУВАМ СВОИТЕ ОБВРСКИ И САМО ТАКА ЌЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТО СЕКОЕ МОЕ ПРАВО. САМО ТАКА МОЖАМ НА СЕКОМУ ДА КАЖАМ:ЗДРАВО!Низ претставата ,,Црвенкапа” врз основа на оригиналната приказна, се додадени елементи кои се поврзани со правата и обврските на децата. Играа: Ема Давчева, Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов. Сценската визуелизација е на Диди. Изработка на костими: Раде Василев, режија: Сашо Ристовски, продукција: Театар ХИТ Скопје.