Колоритот на светот, претставен преку ансамблите, групите и поединците од повеќе земји, кои се гости на „Илинденски денови“, денес пристигна и во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски.Учесниците на 54 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кои ги претставуваат САД, Боливија, Кореа, Србија, Северен Кипар, Турција, ги раскажаа своите прекрасни впечатоци за Битола, заблагодарувајќи се за топлиот прием и прекрасниот престој во градот. Градоначалникот Коњановски, истакна дека во овој период Битола, посебно се разубавува, а светското шарнило, надополнето со музиката, играта и песната, никого не остава рамнодушен, истовремено овозможувајќи светска промоција на градот.На денешната средба, во знак на добрата соработка и заедничката цел за градење силни културно – уметнички врски, беа разменети подароци и промотивни материјали, кои се дополнителна потврда на уште едно успешно издание на фестивалот „Илинденски денови“.