Во рамките на Битола Шекспир Фестивалот од 20 часот ќе се изведе светската премиера на претставата„Отело“ imPerfect Dancers Company – Италија. Танцовиот колектив imPerfect Dancers Company е добро познат на битолската публика по гостувањата на претходните изданија на БШФ со претставите „Лејди Макбет“, „Хамлет“ и „Ромео и Јулија“. Најновиот нивни проект „Отело“, ќе ја има својата светска премиера на овогодинешното издание на БШФ. Заедничкиот именител во нашиот Отело е истражувањето на најинтимните чувства и аспекти на човечката душа. Љубов, љубомора, завист, гнев и омраза. Поврзани, а сепак спротивни чувства. Животот во својата извонредна сложеност. Претставата е сместена во неодредено време без историски референци, во некаква вечност, исто како што темите на делото се вечни и безвременски. Отело, Дездемона, Јаго. Три лика, три можни случувања, едно шоу каде јавноста одлучува и со тоа станува господар на делото. Рингмајстор ќе ја води јавноста низ различните фази на шоуто, откривајќи ги неговите тајни и атракции. Перформансот затоа е ентитет со свој живот и секогаш се менува според волјата на јавноста. Секоја изведба е единствена и неповторлива. Јавноста е господар на тоа.
Влезници можете да набавите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола 🌐 https://narodenteatarbitola.com