Home » НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола дел од Првата меѓународна конференција „Мост на знаењето: Различноста, дијалогот и иновациите во современите библиотеки“

НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола дел од Првата меѓународна конференција „Мост на знаењето: Различноста, дијалогот и иновациите во современите библиотеки“

by culturalchat

Дел од вработените во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола учествуваа на Првата меѓународна конференција „Мост на знаењето: Различноста, дијалогот и иновациите во современите библиотеки“, организирана од НУ-Библиотеката „Кочо Рацин“ -Тетово, посветена на современите предизвици и перспективи во библиотечната дејност, со посебен акцент на модернизацијата и дигитализацијата на библиотеките.
Со својот труд на тема „Библиотеките како центри за доживотно учење“, на конференцијата учествуваа м-р Емилија Стефановска-Давкова, м-р Фатма Бајрам Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, а м-р Милка Котевска, пак, беше дел од уредувачкиот одбор на конференцијата. Оваа меѓународна конференција претставуваше можност за размена на професионални искуства, идеи и добри практики меѓу библиотечните работници од земјата и регионот, како и за отворање нови перспективи за унапредување на библиотечните услуги во современото општество. Со активно учество во меѓународните професионални иницијативи, НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола продолжува да придонесува со идеи во развојот на библиотеките како современи центри на знаење, култура, иновации и доживотно учење.

Related Articles