Home » „Музичка бајка“ раскажана во Офицерскиот Дом во Битола

„Музичка бајка“ раскажана во Офицерскиот Дом во Битола

by culturalchat

Во големата сала на Офицерскиот Дом во Битола, прозвучи една убава „Музичка бајка“, раскажана од оперскиот уметник Кристијан Антовски кој преку својата препознатлива вокална драматика во гласот и колоритна баритонска боја, заедно со пијанистката Елена Сиљановска го придружуваше со своите раскошни ноти на пијаното кои секогаш ги носи на еден посебен и специфичен начин.Освен раскошните ноти пијанистката Сиљаноска беше задолжена и преку убав збор и краток опис за самите комозиции и автори да ја доближи “Музичката бајка” на еден посебен начин до самата публика. Оваа класична бајка беше спој на повеќе епохи и изведба на композиции напишани од најголемите класични композитори од целиот свет така и од Македонија.

Фото: Сашо Ставрев

Related Articles