Home » КУД „Илинден“ ги посети знаменитостите на Нови Сад

КУД „Илинден“ ги посети знаменитостите на Нови Сад

by culturalchat

Во рамките на своето гостување во Нови Сад и учеството на XIX Фестивал „Бисерна Грана“ ,  главниот ансамбл на КУД „Илинден“, ја посети Петроварадинската тврдина, како и самиот центар на градот. Тврдината е една од најголемите и најкомплексни во Европа, а важи за ремек-дело на воената архитектура, градена помеѓу 1692. и 1780. година и е најпосетуваната туристичка атракција во градот. Симболот на градот е место каде денес има уметнички ателјеа, ресторани, музеи, галерии (како подземната воена галерија), планетариум и сл. Најголемата и најфотографирана атракција е и Саат кулата, „пијаниот часовник“ на кој малата стрелка ги покажува минутите, а големата часовите. Водич на турата беше Милан Степанов, организатор на фестивалот.

 

 

 

 

Related Articles