Home » Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност создаде незаборавна атмосфера пред Офицерскиот дом

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност создаде незаборавна атмосфера пред Офицерскиот дом

by culturalchat

„Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија“, едногласна беше пораката на многубројната публика која беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија.  Спектакуларно и претесно беше на платото пред Офицерскиот дом во Битола каде пристигна караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден”, по повод 35 години независност на Македонија.
Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, беше раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении. Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј 35 години независност, караванот со настапи на познати македонски изведувачи и актери ќе биде во 11 градови низ државата.Караванот „Силно светнал ден”, на емотивен и спектакуларен начин го започна одбележувањето на 35 години независност. На сцената настапија: Игор Џамбазов, Драгана Левенска, Елена Ристеска, Тони Зен, Некст Тајм, Бојана Скендеровски, Бранислав Николов, Вера Милошевска, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Спасен Силјановски, Бојан Стојков, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Дорис Димовска, Андријана Јаневска, Игор Дурловски, Ана Дурловска, Ана Петановска, Димитар Андоновски, Дарко Гроздановски, Петар Младеновски, Јанг Дади, Лина Пејовска, Андријана Петрушевска, Марија Спасовска и Мина Блажев.

Related Articles