Битолското Трио Интерарт: Александар Стефановски, флејта, Емилија Ристевска Стефановска, флејта и Татјана Божиновска, пијано гостуваа во италијанската метропола Рим каде учествуваа на Музичкиот фестивал на народите „Римски вечери“ што се одржува на плоштадот Кампители во вечниот град.
„Прекрасна и незаборавна вечер во историскиот Театар Марчело, каде имавме чест пред римската публика да ја претставиме македонската камерна музика. Искрена благодарност до Анџело Филипо Себастианини и целиот тим на Concerti del Tempietto за прекрасната организација, гостопримството и можноста да бидеме дел од ова значајно музичко случување. Голема благодарност и до Culture Moves Europe, со финансиска поддршка од Европската Унија – Creative Europe, имплементирана од Goethe-Institut, благодарение на кои ова уметничко гостување беше овозможено. Ова беше искуство што ќе го паметиме со голема радост“, истакнуваат од триото.
Тие неодамна настапија во Офицерскиот дом – КИЦ Битола во рамки на „Бит Фест“ каде приредија импресивен целовечерен коцерт и очекувано ја потврдија својата врвна посветеност и интерпретација на камерната музика.
