Директорот на Бабец театар и Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, Филип Етмишовски, е член на стручното жири на Которскиот театарски фестивал за деца.
Истот е најстариот и најзначаен фестивал во Црна Гора и еден од водечките во регионот. Основан е во 1993 година, a оваа година го има своето 34. издание. Останатите два члена на стручното жири се: Зоран Ракочевиќ – режисер во Краљевско позориште Зетски Дом во Цетиње, Црна Гора и Висар Круша – драматург и поранешен директор на Додона Театар во Приштина, Косово.
Фестивалот традиционално се организира со поддршка на Министерството за култура и медиуми на Црна Гора и Општина Котор, а под високо покровителство на претседателот на Црна Гора. Овогодинешното фестивалско издание се одржува во традиционалниот термин, од 2 до 10 јули на неколку локации во Котор. На програмата се 15 претстави од кои во официјалната селекција се 12 претстави од Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ и Шпанија. Жирито ќе додели награди за најдобра претстава, режија, дизајн, драматуршки пристап и изведба.
Бабец театар во жирито на Которскиот театарски фестивал за деца
previous post
