Home » Концертот „Кој пее, два пати се смее“ пред Офицерскиот дом го привлече вниманието на битолчани

Концертот „Кој пее, два пати се смее“ пред Офицерскиот дом го привлече вниманието на битолчани

by culturalchat

Синоќа, Офицерскиот дом блескаше во сјајот на распеаните детски лица, кои со невидена љубов и енергија изведуваа програма на македонски хумористични песни на концертот насловен како „Кој пее, два пати се смее“ во продукција на музичкиот центар „Коруновска“. Публиката имаше привилегија да ги слушне добро познатиот детски хор „Ѕвончиња“ и тинејџ хорот „Попрокет“. Ненадејниот дожд за кратко го прекина задоволството за концертот своја завршница проследена со овации и долг аплауз, го добие во Кристалната сала на Офицерски дом-КИЦ Битола. Преку поддршка и промоција на детски програми, Бит фест отвора простор и можности за креирање нова публика и изведувачи, кои допрва ќе ги гледаме на сцената на културното лето и други манифестации. Водител беше актерот Никола Пројчевски. Аранжманите беа на младиот и исклучително талентиран Дарко Кулевски.

Related Articles