Триото Долче од Македонија, односно Светлана Богданоска Ристоски – флејта, Андријана Дукоска – виолончело и Марија Шамоска Буџаковски – пијано, одржаа целовечерен концерт во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп .
На програмата беа дела од Брамс, Пиацола, Монти и други.
„ Беше уживање да се музицира пред прекрасна публика, која ни пренесе божествена енергија. Секоја нота беше испеана, претворена во уметност и подарена за вас. Ви благодариме што нѐ почестивте и бевте дел од нас. Ви ветуваме уште музика и уште концерти во иднина“, истакнаа од триото.
Прилепската публиката со бурен и долготраен аплауз ја награди секоја нивна изведба.
Триото е формирано во 2016 тата година, и како што ни изјавија се радуваат на сите идни заеднички музички доживувања кои со огромно задоволство ги пренесуваат на својата публика во државава, но и надвор од неа. Тие активно концертираат во многу градови низ нашата држава (Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци). Во нивниот изведувачки опус се опфатени композиции од сите стилски епохи.
Овој музички состав, во периодот јануари/февруари 2021 год. ја освои Првата награда – LAUREATЕ, на Меѓународниот уметнички фестивал во Италија – Future Stars на фондацијата Sopravista International Festival – Contest, во категоријата Инструментална музика. Во месец септември 2021 год. ја освои Втората награда на Меѓународниот музички натпревар во Москва, Русија – International Moscow Music Online Competition. Во месец Декември, на International Online Contest ,, Prometheus “- Италија, триото ја добива Првата награда (Laureate), во категоријата Инструментална музика.
Минатата година одржаа концерти во Велес и Валандово, во Св. Софија-Охрид, во чест на Јубилејот на Митрополит Дебарско – Кичевски Г-дин Тимотеј односно одбележување и чествување на двата негови јубилеи: 70 години од раѓањето и 40 години Света архиерејската должност, а одржаа и одржаа целовечерен концерт на реномираниот фестивал „Muzikale delle nazioni- Concerti del Tempietto”, во Рим, Италија .