Home » Вечер во Битола, изложбата „Допри ја традицијата“ на костимографот Благој Мицевски

Вечер во Битола, изложбата „Допри ја традицијата“ на костимографот Благој Мицевски

by culturalchat

Традицијата не живее само во музеите. Таа живее во рацете што создаваат, во знаењето што се пренесува и во секој детал што ја раскажува нашата приказна.
Изложбата „Допри ја традицијата“ на костимографот Благој Мицевски е покана одблиску да ја запознаеме убавината на македонската ракотворба, свет во кој вештината, трпението и наследството се испреплетуваат во едно.
Дојдете да ја почувствувате традицијата како жива уметност. Изложбата ќе биде претставена како дел од годинешниот фестивал „Илинденски денови“, во рамките на Битолското културно лето, во КЦ Магаза, со почеток од 20 часот.

Related Articles