Постојат приказни што не се раскажуваат со зборови, туку со симболи. Токму таква е најновата модна приказна за чантата на Ателје Креација и Le Brand Studio, инспирирана од орнаментиката на мијачкото свадбарско знаме. Оваа чанта ја носи во себе нишката на една вековна традиција на љубовта, достоинството, припадноста и наследството што се пренесува од генерација на генерација.

Она што некогаш гордо се веело низ калдрмите на Галичник, денес е преточено во современ дизајн. Не како спомен од минатото, туку како негово продолжение.
Создадена за жената што знае дека вистинската убавина има корени. За жената што со гордост ја носи својата приказна низ улиците на градот, но секогаш со срце свртено кон традицијата.
Традицијата не ја чуваме во музеите. Ја носиме со себе.
