Home » Се отвори книжевниот фестивал „Книжевни вертикали“ во Битола

Се отвори книжевниот фестивал „Книжевни вертикали“ во Битола

by culturalchat

Вчерашниот ден на Бит фест беше во знакот на пишаниот збор. Во Свечената сала на Офицерски дом се одржа првата вечер од Книжевен фестивал „Книжевни вертикали“ во организација на Македонското научно друштво – Битола. За време на фестивалот Битола е биде место на книжевни средби, поезија, креативност и инспиративни разговори.Во програмата се книжевни претставувања на домашни и странски автори, поетски читања, музичко интермецо, креативни работилници и поетска прошетка низ културните знаменитости на Битола, како и промоција на списанието „Современи дијалози“, тркалезната маса „Книжевноста и вештачката интелигенција: предизвици и перспективи“. Манифестацијата завршува со „Поетско кафе“ и креативен поетски излог составен од творбите создадени за време на настанот и истата се одржува во КИЦ Офицерски дом – Битола, Македонско научно друштво – Битола, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Хераклеа, Црква „Св. Димитрија“, Стара чаршија, Книга бар Пионерски дом – Битола.
Ккнижевната приказна ги поврзува зборот, просторот, културата и современите предизвици.

фото: Сашо Ставрев

Related Articles