Претставници на КУД „Илинден“ – Битола во рамките на својата турнеја во Турција, како дел од фестивалот „World Folk Dance Competition“, имаа официјален прием кај заменик градоначалникот на Истанбул, на кого му ја подарија Монографијата за КУД „Илинден“. На фестивалот, кој се одржува од 13 до 19 јули, настапуваат фолклорни ансамбли од повеќе земји, а учесниците се натпреваруваат за највисоките признанија во повеќе категории.
КУД „Илинден“, ја претставува Македонија преку автентичните народни ора, песни и традиционални носии, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на успешни настапи на меѓународната сцена. Тие веќе настапија на отворањето на Фестивалот, а покрај фестивалските активности, слободниот ден го искористија за разгледување на дел од културно-историските знаменитости на Истанбул.


