Home » Преполна сала за гостувањето на Звездара театарот од Белград во Битола

Преполна сала за гостувањето на Звездара театарот од Белград во Битола

by culturalchat

Преполна сала и тишина каква што има само кога публиката е целосно внесена во претставата. Таква беше атмосферата на синоќешното гостување на Звездара театарот од Белград во Битолскиот театар, со претставата „Уна“.Гостувањето беше во организација на КИЦ Офицерски дом, со поддршка од Општина Битола. Претставата работена по мотивите на романот на Момо Капор, е во режија на познатиот македонски режисер Дејан Пројковски. Пред публиката настапија: Никола Ристановски, Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ, Марко Гверо. Претставата носи емотивна приказна за љубовта, слободата и изборите што ги правиме во животот. Силна сценска енергија, исклучителна актерска игра и приказна која не остава рамнодушен. Истата беше изведена и на годинешното 34. Издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. КИЦ Битола и „Уна” на Звездара театар, синоќа ѝ подарија на Битола вечер во која театарот го направи она што умее најдобро – нѐ остави поинакви од тоа што бевме пред да влеземе.

 

Related Articles