Home » Никола Крнчев и Ратко Најдовски одбележаа 25 години заедничко творештво со изложбата „Жив зид“

Никола Крнчев и Ратко Најдовски одбележаа 25 години заедничко творештво со изложбата „Жив зид“

by culturalchat

Секоја изложба е своевиден празник за сетилата на духот, особено ако делата се рефлексија на духовната естетика. „Жив ѕид” изложбата на фрески и икони на Никола Крнчев и Ратко Најдовски претставува сублимат на нивното творештво кое украсува бројни храмови, сега во изложбен формат може да се видат во Кристалната сала на Офицерски дом во рамките на Бит фест 2026.Во рамките на Битолското културно лето, Крнчев и Најдовски ја претставија изложбата  со која одбележуваат 25 години заедничко творештво.

„ЖИВ ЅИД“ е повеќе од изложбена поставка. Таа е своевиден печат на четврт век пријателство, партнерство и заедничка посветеност на зографската уметност. Изборот од дела ја открива нивната заедничка творечка визија и мајсторството со кое со децении го збогатуваат духовното и културното наследство во земјата и надвор од неа. Нивните фрески и икони се дел од храмови, но и од колективната меморија на генерации. Преку нив, бојата станува молитва, ѕидот – жив сведок, а уметноста -трага што го надживува времето.

Фотографии: Сашо Ставрев

Related Articles