Македонскиот брас квартет одржа брилијантен концерт во рамките на Durres Chamber Fest и ја воодушеви публиката во Драч. Концертот беше во организација на Културно информативниот центар на Македонија во Тирана во соработка со директорката на фестивалот, Невила Калаја.
Стојанче Косовски (труба), Александар Златески (труба), Горан Јанев (хорна) и Владан Дробицки (тромбон) изведоа богата програма со дела од Хендл, Моцарт, Равел, Римски-Корсаков и македонскиот композитор Томислав Зографски.


