Во петок, 27 ноември 2026 година, со почеток во 12 часот, во изложбениот простор Магаза во Битола ќе биде отворена мултисензорната изложба „Допир“, на Ирена Ружин, Јове Парговски и Јана Николовска. Изложбата нуди поинаков пристап кон уметноста, преку кој посетителите ќе имаат можност да ги доживеат уметничките дела не само преку погледот, туку и преку сетилото за допир, откривајќи ги нивните форми, релјефи и текстури.
Ваквиот концепт придонесува кон поголема пристапност на уметноста за лицата со оштетен вид и лицата со оштетен говор и глас, но и кон едно ново уметничко искуство за пошироката публика. Настанот е организиран со поддршка на Министерството за култура и туризам.
Магаза – Битола, Петок, 27 ноември 2026 година од 12:00 часот.
Една поинаква средба со уметноста, која не само што се гледа, туку и се чувствува.
