Home » Изложбата „Урбани слики и пејсажи“ на Роберт Михајловски викендов во Битола

Изложбата „Урбани слики и пејсажи“ на Роберт Михајловски викендов во Битола

by culturalchat

Македонскиот уметник од Австралија, Роберт Михајловски во сабота на 04.07, со почеток од 20 часот, во НУ Завод и Музеј Битола, ќе ја претстави својата изложба „Урбани слики и пејсажи“, во рамките на Битолското културно лето Бит фест.  Михајловски е добро познат за австралиската и македонската јавност како графичар и сликар. И по повеќе децении живот во Австралија, љубовта на д-р Роберт Михајловски кон родната Битола останува бескомпромисна. Впрочем, својот професионален живот на историчар и научник на универзитетот “Латроб” во Мелбурн, тој го посвети на истражувањето и зачувувањето на богатото културно наследство на овој град. Михајловски е истражувач и историчар на уметност, но исто така и впечатлив визуелен уметник, графичар. Љубителите на уметноста се сеќаваат кога во 2022 ја претстави својата изложба на графики “Еден друг круг”, инспирирана од “Боженствената комедија” на Данте Алигери, во Културниот Центар – Офицерски дом во Битола. Креативните почетоци ги добил токму во родниот град. Студирал историја на уметност со археологија во Скопје, Белград и Мелбурн, графички студии и сликарство во Њујорк и Мелбурн. Неговите дела се дел од повеќе изложби и колонии меѓу кои и 20.јубилејно издание на ликовната колонија „Де Ниро“ – Битола, Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници и многу други.

Related Articles