Културното лето не завршува. Културното лето сè уште трае, но новите предизвици веќе се на повидок, н КИЦ Офицерски дом Битола. На 10 септември, гостува „Звездара театар“ со култната претстава „УНА“, по мотивите на романот на Момо Капор. Во организација на КИЦ Битола, со поддршка од Општина Битола, претставата ќе биде изведена во Битолскиот театар. Пред публиката ќе настапат: Никола Ристановски, Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ, Марко Гверо. Претставата е во режија на познатиот македонски режисер Дејан Пројковски и носи емотивна приказна за љубовта, слободата и изборите што ги правиме во животот. Силна сценска енергија, исклучителна актерска игра и приказна која не остава рамнодушен. Истата ќе биде изведена и на годинешното 34. Издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.
