Литературно-уметничкиот книжевен фестивал „АКО ОДАМ ВО БИТОЛА“ и Фондација „ТАКЕЦ“, по повод 104 години од раѓањето на Димитар Д. Такец, распишуваат литературен конкурс на кој право на учество имаат сите љубители на пишаниот збор.
Конкурсот е отворен од 10 јуни до 5 јули.
Учесниците можат да испраќаат свои авторски творби – поезија или проза. Секој учесник има право да испрати еден авторски труд по сопствен избор, без тематски ограничувања, со што се овозможува целосна творечка слобода и автентичен литературен израз. Трудовите не треба да бидат подолги од три страници во А5 формат.
Секој автор може да твори на својот мајчин јазик и својот труд да го испрати електронски на адресата:
takecpoezija@gmail.com
Авторските трудови треба да бидат доставени во Word документ (.doc или .docx), напишани со фонт Times New Roman, големина 12. Овој конкурс претставува можност за средба на различни творечки гласови, идеи и погледи кон светот. Ги охрабруваме сите поети, писатели и вљубеници во литературата преку своите дела да ја споделат убавината на мислата, длабочината на чувствата и богатството на својата имагинација. Сите пристигнати авторски трудови ќе бидат објавени во заедничкиот Алманах „104 години Такец“, кој ќе претставува трајно сведоштво за учесниците и нивното творештво. На завршната манифестација, на секој учесник ќе му биде врачен примерок од алманахот како спомен на неговото учество во овој значаен литературен настан. Учеството е бесплатно и сите учесници се ослободени од котизација.
