Home » Битолскиот „Хамлет“ победник на 51.ИНФАНТ фестивал во Нови Сад

Битолскиот „Хамлет“ победник на 51.ИНФАНТ фестивал во Нови Сад

by culturalchat

Жирито на 51. ИНФАНТ фестивал, во состав Јована Балашевиќ- актерка, Јелена Радовиќ-сценограф и Милован Филиповиќ- актер, едногласно одлучи да ја додели наградата – за НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА на НУ Народен театар Битола  за претставата  ,,Хамлет -денот на убиствата“ од Колтес ,во режија на Марјан Неќак .

 „Едноставноста и прецизноста на режисерската постапка, синхронизирана  и силна изведба на ансамблот, визуелно и музички имагинативна и смислено намалена и конкретна, сето тоа го прави битолскиот  Хамлет,   комплетна и вредна претстава,  во духот и  традиција на овој фестивал“, се вели во соопштението од фестивалот кој го најави Битолскиот театар како: најавангарден театар во Македонија. Претставата „Хамлет – денот на убиството“ ја режираше еден од најинтригантните композитори во регионот, Марјан Неќак. Ќе го видиме Шекспир како што никогаш не сме го виделе на овие простори“.Четирите клучни ликови на Шекспировата безвремена пиеса „Хамлет“, Хамлет, Офелија, Клаудиј и Гертруда, поместени во простор лишен од историски и културолошки контекст, во атмосфера во која секој морален императив губи смисла, во услови на беспоштедна игра за преживување, ги живеат последните часови од својот животот. Денот на убиствата! Ставен во такви екстремни услови, овој извонреден квартет од ликови и актери, кои им соживуваат на тие ликови со секоја фраза од кажаната реплика, ги испитува границите на човековата природа, поставувајќи ги прашањата за човековата ранливост, кршливост, за кревкоста на неговите ставови и убиственоста на неговите мисли, за несигурноста на неговата позиција во светот. За тоа – да се биде или не. Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски. Во претставата играат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска.

 

 

Related Articles