Home » Пет награди за „Кислород“ на Битолскиот театар во Рума, Србија

Пет награди за „Кислород“ на Битолскиот театар во Рума, Србија

by culturalchat

Стручното жири на 27 Арт Трема Фестивал во состав: Зијах Соколовиќ, Марина Вујчиќ, Неџма Чизмо, едногласно ги додели следните награди на претставата ,,КИСЛОРОД“ од Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ:

Сребрена Тремина маска за претставата, Најдобра режија (Златна плакета) на Иван Јерчиќ, Најдобра сценска музика на Александар Димовски, најдобар дизајн (музика, звук, светло-тотал дизајн) на Александар Димовски, Марјан Ѓорѓиевски, Владимир Переловски и Никола Ѓорѓиевски, Награда за партнерска игра на Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов.После долготрајните аплаузи после изведбата на претставата, интересот на публиката за нашите актери не стивнуваше. Па така публиката имаше разговор со Викторија Степановска Јанкуловска, Никола Стефанов и Иван Јерчиќ .Претставата „Кислород“ е работена според текстот на Иван Вирипаев. Тој е современ драмски писател, режисер, сценарист, активен од средината на 90-тите години на 20 век. Добитник е на многу руски и меѓународни награди за театарска уметност, меѓу кои се и германската награда за Најдобар драматург во 2009 година и Човек на годината во Полска во 2010 година. За драмите „Пијани“ и „Илузии“ доделена му е наградата Олег Табаков, „за талентираното и тврдоглаво прикажување на нашиот живот во нови драмски облици.“Вирипаев подвлекува дека во театарската уметност, поважна е енергијата која се пренесува на публиката отколку изборот на темите, затоа што одлично напишаната драма може да остави лош впечаток кај гледачите и да ги извлече од салата уште пред крајот, а енергијата со која се заразува салата може да направи успех дури и од аматерска претстава. Иако неупатениот читател може да помисли дека претставите на Вирипаев се весели, лесни и површни, сепак претставите „Кислород“, „Градот во којшто сум јас“, „Илузии“, „Соништа“, „Пијани“, се занимаваат со потрагата на современите личности по одговорите на вечните прашања.Костимографијата е на Марта Дојчиновска, авторската музика и избор на музика на Александар Димовски, шминка и фризура Стефанија Стојчевска, видео материјали Марјан Ѓеорѓиевски, снимател Сашо Илковски, видео оператор Владимир Переловски . Гостин во видеото Марјан Наумов. На фестивалската сцена во Рума освен актерите од Битола, учествуваа и театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

 

Related Articles