Со долги аплаузи и овации беа испратени солистите, оркестарот и хорот како и уметничкиот тим на новата оперска продукција „Така прават сите“, дело на Моцарт под диригентство на Валентин Егел и режија на Алесио Пизех. Операта е копродукција на Хрватскиот народен театар во Загреб и СНГ опера и балет Љубљана.Во истата солисти се Дарија Аугуштан, , Филип Филиповиќ, Марија Кухар Шоша, Марко Буси, мецосопранот Емилија Рукавина и баритонот битолчанецот Давор Неќак,во придружба на оркестарот и хорот на операта на ХНК Загреб.
„Рукавина и Неќак, младите солисти на хрватскиот најголем оперски ансамбл, на кој му се приклучија минатата година, веќе се забележителни имиња на оперската сцена“, пишуваат хрватските медиуми. Давор за хрватски Телелеграм истакнува дека веќе бил дел од оперите на Моцарт, како на пример во „Бастиен и Бастиена“. Тој раскажува како работата на дело од Моцарт е „пријатна и благодарна за неговиот млад глас“, а исто така ја нагласува општата практика на композирот кон либрета кои се занимаваат со комичните аспекти на некогаш -присутните социјални проблеми.
Неќак го опишува италијанскиот режисер првенствено како – специфичен.
„Од првата проба тој побара од нас висок интензитет на концентрација и емотивно вклучување во текот на процесот. Тоа ми се допадна, бидејќи на почетокот поставивме прецизна мизансцена која подоцна можевме убаво да ја обликуваме и збогатиме“.
Давор открива дека има уште многу интересни проекти пред ансамблот на операта во Загреб, а за него, како млад баритон, исто толку корисни улоги: за два месеци ја очекува третата средба со Моцарт во „Волшебната флејта“.
„Ретко може да се најде театар во кој има толку богат репертоар во кој можете да добиете одлични улоги за само една сезона. Среќен сум и исполнет на моето ново работно место со помлади и малку постари колеги околу мене“, вели тој.
Дали женската верност навистина личи на птицата феникс – за која се зборува, но никој никогаш не ја видел – е доведена во прашање во оваа опера на Моцарт од 1790 година. Самиот наслов „Така прават сите“, можеби дава одговор на главното прашање.Оваа е последната опера што Моцарт ја компонирал во соработка со либретистот Лоренцо да Понте. Се верува дека австрискиот император Јосиф II. му предложил на Моцарт да компонира опера на тема женска верност. Моцарт и Да Понте ја превзеле темата за размена на свршувачка од текстови од 13 век, а некои од варијантите на таков заплет може да се најдат во романите Декамерон на Бокачо, некои драми на Шекспир итн.Иако оваа опера не беше рангирана меѓу главните на Моцарт во минатото, во дваесеттиот век таа стана незаменлив дел од репертоарот на сите големи светски оперски куќи.
На премиерата присуствуваше и хрватската Министерка за култура Нина Обуљен Коржинек која напиша позитивна критика за операта на социјалните мрежи.