Home » Вардан Тозија го претстави својот најнов филм „М“ во Битола

Вардан Тозија го претстави својот најнов филм „М“ во Битола

by culturalchat

Во Центарот за култура Битола, вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“ имаше своја премиера пред битолската публика. На премиерата присуствуваше дел од екипата на филмот, режисерот Тозија, продуцентот Дарко Попов и младите актери Матеј Сиваков и Александар Ничовски. По завршувањето на проекцијата филмската екипа беше поздравена со овација од публиката.

Актерската екипа покрај Матеј и Алрксандар ја сочинуваат: Сашко Коцев, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Тони Михаловски, Оливер Митковски, Верица Недеска, Владимир Тулев, Жаклина Петровска, Благој Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски. Македонската кинематографија на годинешниот филмски фестивал „Берлинале“ беше претставена од 2 филмови, еден од нив беше токму „М“.

Филмот на Тозија  е фантастична бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во дистопискиот и опасен свет на нашата блиска иднина е во потрага по својата мајка. Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, а маскер е Горан Игњатовски.

Продуцент на „М“ е Фокус покус филмс од Скопје, а филмот е официјална копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција. Овој филм е добитник на главната награда на Works in Progress (Филмови во изработка) во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Пула, Хрватска.

 

 

 

 

 

 

 

 

Продолжуваме со проекции од 16 до 18 октомври во големата сала од 20:00 часот. „М“ филм на Вардан Тозија / „M“ film by Vardan Tozija

 

Related Articles