Home » 23.„Солстис“ го најави овогодинешниот Бит фест

23.„Солстис“ го најави овогодинешниот Бит фест

by culturalchat

Во организација на Француската алијанса од Битола со поддршка на Општина Битола, се одржа 23 – то издание на фестивалот на музиката„Солстис“ кој го одбележува Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото. На неколку локации на Широк сокак настапија дестина ансамбли, групи и дј -и , од различни музички жанрови, доловувајќи ја медитеранската атмосфера во Битола, како познат град на франкофонијата.

Изведувачите создадоа прекрасна атмосфера, токму во насока на реализација на целта на овој фестивал: да ја промовира музиката, а аматерите и професионалните музичари да се охрабруваат да настапуваат на улиците, додека концертните настапи се бесплатни за јавноста.

Па така на плоштадот Магнолија настапија танцувачите од студиото Сања, децата од Си До, од  танцовиот спортски клуб Експоуз, како и Инфинити бенд.Пред Кус Кус настапија Антика, пред киното Манаки на Широк Сокак, Дејание, а пред споменикот на Стив Наумов, кај Офицерскиот дом ,публиката ја забавуваа Еверест бенд и диџеј Багзи од Охрид.

Фестивалот е традиционална музичка манифестација и истиот е дел од светската мрежа на овој франкофонски фестивал, познат и како Fete de la music, односно Светски ден на музиката и официјален почеток на летото. На овој ден во над 180 земји во светот каде франкофонијата има свое влијание голем број граѓани и музичари излегуваат на улиците, плоштадите и музицираат, пеат, танцуваат.

Француската алијанса од Битола со поддршка на Општина Битола и Центарот за култура деконатминација 23 та година по ред се дел од светската традиција на празнување на Празникот на музиката.

Овој традиционален еднодневен фестивал воедно е најава на почетокот на богатото културно лето „Бит фест “ 2023.

 

 

 

Related Articles