Во 3Д киното во Битола беше одржана премиерата на македонскиот филм „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова. Продуцент на филмот е Гоце Кралевски. На битолската премиера присуствуваа и режисерката и продуцентот на филмот.
Улогите во филмот ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт, сценографијата на Срѓан Митровиќ. Сценариото е на Елеонора Венинова, монтажер – Гоце Кралевски, а костимите се на Жаклина Крстевска. продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), а копродуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија).
Филмот е поддржан од Агенција за Филм, Српски Филмски Центар и Еуримаж.
Светската премиера овој филм ја имаше на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро. Станува збор за драма, делумно инспирирана од вистински настани. Приказната, како и останатите нејзини филмови има личен момент и говори за брачна двојка која престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат својот брачен живот.
Филмот ќе има проекција и денес, 05.05 во 3Д киното во Битола со почеток од 19 часот.
Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски